kosovo-parlament
Седницата на Собранието на Косово, на која учествуваа само пратеници на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Демократската партија на Косово (ПДЛ), бидејќи на опозициските пратеници им беше оневозможено, завршена е синоќа со усвојување закон за здрава храна, јави Танјуг.

Седницата траеше 20 минути, а опозицијата ја окарактеризира како „приватен состанок на структурите на ПДК и ДСК (со претседателот на Парламентот Кадри Весели) и најави дека повторно ќе ја блокира секоја работа на Собранието на Косово.

Пред седницата полицијата се повлече од зградата на Парламентот, учесниците на протестниот собир на опозицијата се разотидоа, а сообраќајот во Приштина е нормализиран.

Во судирите пред Парламентот пет демонстранти се полесно повредени, како и двајца припадници на полицијата.

Уапсени се седум приврзаници на опозицијата. Пред зградата на Парламентот дојде до судири меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата, а откако биле фрлени молотови коктели врз полицијата, силите на редот одговориле со солзавец, принудувајќи ги на повлекување.

Демонстрантите ја гаѓале полицијата и со камења и палеле контејнери.

Седницата на косовското Собрание вчера во неколку наврати е прекинувана, откако во собраниската сала пратеници на опозицијата фрлале солзавец./МИА

Слични содржини