Завршени 70% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“

од Nikola Popovski
200 прегледи

Градежните активности на улицата „Ленинова“ се одвиваат со интензивна динамика. Во моментов, се уредува горниот строј на улицата и тротоарите, информираат од општина Центар.

Веќе е поставена атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежае спуштенапод земја и се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите. Со оваа реконструкција, велат од Општината, Центар им излегува во пресрет на граѓаните, кои со години бараа општината да го реконструира овој дел од улицата.

Се поставуваат бехатон плочки на пешачките патеките, финишира изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи. Досега готови се 70% а краен рок за завршување на реконструкцијата на улицата е средина на јули.

-По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Безбедна и квалитетна улица изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност, се наведува во соопштението од општината предводена од Горан Герасимовски.

Слични содржини