Заврши јавниот собир кај Баир, во тек е расчистување на патот Битола–Ресен

Јавниот собир што се одржуваше над битолската населба Баир заврши вечерва околу 18:20 часот, по што започна расчистување на препреките поставени на коловозот.

од desk4
17 прегледи Фотографија: ЈП за државни патишта на РСМ

Јавниот собир што се одржуваше над битолската населба Баир заврши вечерва околу 18:20 часот, по што започна расчистување на препреките поставени на коловозот.

Како што информира Авто-мото сојуз на Македонија, екипи на ЈП Македонија Пат се на терен и работат на отстранување на пречките со цел нормализирање на сообраќајот на овој дел од магистралниот пат.

До целосно расчистување на патот, сообраќајот и понатаму се пренасочува по алтернативни правци низ градот Битола.