231
Влатко Мијалков попладнево беше на распит по исчезнувањето на неговиот брат Сашо Мијалков во полициската станица „Пролет“ каде јави ТВ21. Надвор го чекаа и новинарски екипи кои, сепак, останаа без изјава.
Според ТВ21, во меѓувреме е завршен распитот и на останатите роднини и блиски соработници на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Министерството за внатрешни работи попладнево распиша меѓународна потерница, меѓутоа од Мијалков нема ни трага ни глас. Во петокот ги даде завршните зборови за „Таргет-Тврдина“, случај за кој беше најавена пресуда за задутре (среда, 24 февруари).