Заврши потрагата: Полицијата ги пронајде двете мистериозно исчезнати малолетни ќерки од Скопје

од desk2
62 прегледи

Полицијата попладнево ги пронајде двете девојчиња кои вчера беа пријавени за исчезнати.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на полициски службеници се пронајдени С.К(14) и Т.К. (13), за кои вчера (21.12.2018) во Полициската станица Бит Пазар нивниот татко М.К(36) пријави дека се оддалечиле во непознат правец.