Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска во Приштина се сретнаа со претставници на Српската листа.
Лајчак и Ескобар во просториите на ЕУ во Приштина се сретнаа со претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и со потпретседателот Игор Симиќ, а по завршувањето на средбата немаше изјави за медиумите.
Лајчак и Ескобар ќе разговараат со претседателот Вучиќ во Белград вечерва, во 18:30 часот во вилата Мир.
Претходно денеска двајцата емисари се сретнаа со лидерите на албанските опозициски партии, како и со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Синоќа тие имаа средба со премиерот на Приштина, Албин Курти. Ескобар по тој состанок рече дека ЗСО ќе се формира „дури и ако Курти не го сака тоа“.