Заврши средбата меѓу Путин и австрискиот канцелар: „Беше тешко…“

од Nikola Popovski
337 прегледи

Австриски „Кронен цајтунг“ објави дека заврши средбата во Москва меѓу австрискиот канцелар Карл Нехамер и рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата државници разговарале околу 90 минути, велат Австријците.

Нехамер истакнал дека разговорите биле „многу директни, отворени и тешки“.

– Најважната порака до Путин беше дека војната мора да заврши бидејќи во војната губат и двете страни, изјавил Нехамер, соопштил весникот.

Австрискиот канцелар беше првиот државник на ЕУ кој имаше директен разговор со Путин во Москва од почетокот на војната во Украина.

Нехамер рече дека патувањето во Москва за него е обврска од одговорност дека треба да се потруди се за да го запре вооружениот конфликт или барем да напредува во хуманитарните прашања за да му помогне на цивилното население.

Тој нагласи дека на Путин му укажал на тешките воени злосторства извршени во Буча и други места и дека за тоа мора да одговараат сите што ги извршиле.

„Јасно му кажав на Путин дека санкциите против Русија остануваат и дека дополнително ќе се заоструваат се додека умираат луѓе во Украина“, рече Нехамер.

Слични содржини