196
На плоштадот Свети Петар во Ватикан денес нешто пред пладне заврши јавната погребна церемонија на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, а ковчегот со телото е вратен во базиликата Свети Петар каде ќе се изврши приватна богослужба и погреб.
Повеќе од 60.000 ожалостени го напуштија плоштадот Свети Петар, јавува Би-Би-Си.
Во пресрет на погребот речиси 200.000 луѓе му оддадоа почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело беше изложено во ковчег во Ватикан, соопшти претходно Ватикан