Одлуката дали да се продолжи мораториумот на нападите на енергетските капацитети во Русија и Украина ќе зависи од рускиот претседател Владимир Путин, изјави пoртпаролото на рускиот лидер Дмитриј Песков.
„Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин“, рекол тој на прашањето дали договорот ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).
Песков потсети дека украинската страна „во суштина не го почитува мораториумот“.
„Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Да се разменат, веројатно, информации и мислења со Американците. Потоа врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука“, резимирал претставникот на Кремљ.
Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март имаа телефонски разговор во кој разговараа за ситуацијата во Украина. Путин се согласи со предлогот 30 дена да се воздржи од напади врз објекти на енергетската инфраструктура и наредбата му ја дал на руското Министерство за одбрана. Подоцна, украинскиот лидер Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го поддржи предлогот за запирање на нападите врз енергетските капацитети.