Заземањето на Фалуџа ќе доведе до војна по војната

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Ирачката армија речиси сигурно ќе ја врати тврдината на “Исламска држава” – Фалуџа. Но по која цена и до каде ќе доведе тоа, прашува Ранx Алаалдин во текст за “Гардијан”.

zx450y250_2770200

Фалуџа е симбол на отпорот за многу Ирачани, особено за сунитите. Градот e мачен дури од САД, додека американските воени се обидуваа да го завладеат и контролираат. На крајот тие успеаја да го ограничат отпорот, но не и да го искоренат.

Фалуџа е и родно место на “Исламска држава”. Тој падна под контрола на групата уште во јануари 2014 година, половина година пред џихадистите да прогласат калифат. Заземањето на градот ќе биде психолошки удар и за и нив. Успехот ќе ја успори и кампањата за ослободување на Мосул – градот во кој беше прогласен калифатот.

Но што ќе се случи потоа? Борците на “Исламска држава” се дел од локалното население и ја имаат неговата поддршка. Тие може да започнат ист партизански отпор, кој им овозможи на градот и на ИД да имодолее на претходните обиди за наметнување на надворешна контрола. Заземањето на Фалуџа ќе доведе до војна по војната.

Операцијата против градот е делумно политичка и делумно воена. Локалните сунити не веруваат на претежно шиитската влада во Багдад уште од времето на поранешниот премиер Нури ал Малики. Во судирите учествуваат и шиитски милиции, обвинети дека напаѓаат по верски причини сунитите.