Збогум, Интернет Експлорер!

од Vladimir Zorba
87 прегледи
Иако Мајкрософт навестуваше дека брендот Интернет Експлорер си заминува, дури сега компанијата потврди дека ќе го употребува новото име за својот следен прелистувач, со кодно име Проџект Спартан, пишува Врџ.Spartan-Logo
Интернет Експлорер сеуште постои за некои верзии на Виндоус 10, но новиот проект ќе биде објавен одделно и ќе биде главен прелистувач за оперативниот систем. Мајкрософт неуспешно се обиде да се справи со негативниот имиџ на ИЕ во последните неколку години. За целта, компанијата се обложи на серија на забавни кампањи, подбивајќи се со Интернет Експлорер 6. Тие сепак не ја подобрија ситуацијата, додека поранешниот шеф на одделот задолжен за прелистувачот ја напушти фирмата во декември, што сигнализира за нова ера во историјата на производот.
Мајкрософт тестира различни имиња, истражувајќи го пазарот, но се уште не е јасно кога ќе открие конечното име на наследникот на ИЕ. Судејќи според сопственото истражување на компанијата, таа најверојатно ќе се обидува да избега што е можно подалеку од стариот прелистувач и најверојатно кон името на новиот производ ќе биде „закачен“ зборот Мајкрософт.