Збогум картички? Технологија за препознавање лице доаѓа на банкоматите

од Vladimir Zorba
532 прегледи

Сингапурската OCBC воведе биометриска технологија за препознавање на лице за услуги со банкомат.

Банката на тој начин ја елиминираше потребата од носење платежни картички.

Банката тврди дека e прва во Југоисточна Азија што применила биометрика на лицето за услугата за биланс на сметката на осум банкомати во областа Сингапур, пренесува сингапурскиот портал fintećnews.sg.

OCBC има намера постепено да ја прошири оваа технологија на услугата за подигање готовина на своите автомати во Сингапур, откако ќе утврди колку е безбеден овој начин на функционирање на банкоматите.

Потегот на банката се случи откако во јули 2019 година воведе технологија за QR-код за подигање готовина на банкомати.

OCBC наведува дека прашањата за билансот на сметката и повлекувањето на готовина се најчесто користените услуги на банкомати и отпаѓаат на скоро осум од 10 од сите трансакции направени од клиенти на нивните банкомати.

Банката се приклучи на националната инфраструктура за дигитален идентитет на Сингапур и ја користи нивната технологија за проверка на лице SingPash за безбедно проверување на корисниците во банкарски трансакции, без потреба од картички.

Скенираното лице на клиентот е проверенo во националната биометриска база на податоци на Сингапур, која содржи фотографии и идентитети на четири милиони жители на оваа град-држава.

Верификацијата на лицето вклучува безбедносна карактеристика за спречување измама, која вклучува технологија за откривање на жив организам, со што се блокира можната злоупотреба на фотографии, видеа или маски за време на процесот на верификација.

Експертите велат дека ваквите технологии сè уште носат со себе одредени безбедносни предизвици кои треба да се решат, но дека во оваа ситуација, кога вирусот може да се пренесе рачно, e повеќе од корисно, бидејќи помагаат да се избегнат ризични контакти.

Слични содржини