Збогум за евтиниот Tesla компакт: Маск конечно стави крај на приказната!

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Долго време се шпекулираше дека Tesla ќе претстави електричен компакт, кој би требало да се продава по почетна цена од 25.000 долари. Шпекулациите беа поттикнати од неофицијални изјави од самата компанија. Но, сега целата приказна е „заклучена“. Извршниот директор и косопственик на Tesla, Илон Маск, им објави на акционерите и на јавноста:

– Мислам дека многу јасно ставивме до знаење дека иднината е автономна. Мислам дека е бесмислено да се има обичен модел од 25.000. Би било глупаво. Тоа би било спротивно на она што ние веруваме.

Tesla дури сподели и тизер слика од Model 2 на годишното собрание на акционери минатата година.

Сега Tesla ќе ги вложи сите свои напори во развојот на Robotaxi. Се проценува дека ова возило ќе чини околу 30.000 долари.

Слични содржини