Зборувањето преку хендсфри за време на возење е исто така опасно, бидејќи ќе биде свртено вниманието на ист начин како и користењето на рачен мобилен телефон, покажува новото истражување, соопшти ВВС.
Научниците од Универзитетот во Сасекс утврдиле дека за време на повик луѓето замислуваат визуелно она за што зборуваат. Оваа активност е посветена на оној дел од мозокот кој обично одговара за вниманието и концентрацијата на патот.
Во истражувањето учествувале 20 мажи и 40 жени, кои вршеле различни видео тестови додека биле зад воланот. Едната група доброволци биле оставени да возат непречено, додека други две требало да слушаат машки глас на околу 1 метар далечина.
Резултатите покажале дека оние кои биле инволвирани во разговор, реагирале со близу 1 секунда задоцнување на ситуации кои произлегуваат на патот, на пример одеднаш појави на патот пешак, одење автомобил или автомобил паркиран на раскрсница.
Тестовите покажале дека дури и најпознатите елементарено прашање од ваков вид на “Каде ја остави сината папка?” го тера умот на возачот да се фокусира на зоната 4 пати помала од нормалната. Причината е дека мозокот ја замислува собата во која е оставена папката, наместо да следи за опасности на патот.
Според д-р Греам Хоул од Универзитетот во Сасекс истражувањето открива “масовната заблуда дека зборувањето на мобилен телефон додека возите е безбедно, ако се користи хендсфри. Претходните студии покажале дека зборувањето на телефон го расејува возачот повеќе отколку слушање музика или разговор со патник во автомобилот, додава д-р Хоул.
Според авторите на студијата резултатите укажуваат на тоа дека зборувањето по телефон за време на возење да биде целосно забрането.
Во Велика Британија е нелегално да се зборува по телефон или друг рачно уред додека управувате со автомобил или мотор. Прекршоците се казнуваат со одземање на поени од контролниот талон и со парична казна од 100 фунти.
