295
Одличен десерт кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 1,5 банани (140 g)
– 1 чаша овесни снегулки (120 g)
– 2 јајца
– 180 мл млеко
– 2 лажици какао (20 g)
– 1 лажичка прашок за пециво (5 g)
– 1 лажица мед
– чоколадни парчиња или овошје по желба
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се мелат. Поделете во подмачкани мали калапчиња во кои ќе го печете колачот, одозгора ставете чоколадни парчиња или овошје по вкус.
Ако немате мали калапи за печење, можете да користите и големи.
Печете на 190 степени 20 минути.