Здрав десерт готов за неколку минути: Како да направите одличен домашен сладолед?

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Летото е време кога сладоледот е омилениот десерт за многумина. Сепак, тоа е и период кога повеќето посветуваат посебно внимание на својата линија, па уживањето во нејзиниот шарм е нешто на кое често мораме да му одолееме.

За среќа, постои уште една опција.

Имено, постојат и здрави домашни сладоледи кои можете да ги подготвите дома за само неколку минути и без каење да уживате во нивниот неодолив вкус бидејќи се засладени со природни засладувачи и имаат само 51 калорија по порција!

Покрај наведените состојки во рецептот, можете да си играте со разни видови овошје и адитиви, како цимет, бадеми, ореви или други видови млеко и да уживате во вкусен десерт на кој не мора да му кажете „не“.

Состојки:

400 мл кокосово млеко
470 грама свежи, сечкани јагоди
1 средно сечкана банана
2 лажици јаворов сируп
12 калапи за сладолед или 12 хартиени чаши и дрвени стапчиња

Подготовка:

Во блендер, темелно измешајте кокосово млеко, половина од јагодите, бананата и сирупот додека не се изедначи.

Втората половина од сечканите јагоди поделете ја во 12 калапи за сладолед или хартиени чаши со вметнато стапче и во нив истурете ја изблендираната смеса.

Ставете ги во замрзнувач додека не се целосно замрзнати, најмалку 4 часа.

На здравје!

Слични содржини