Здрав десерт со чиа семе

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Чоколаден десерт со чиа семе во кој ќе уживате.

Состојки:

– 500 мл млеко

– 85 гр чиа семе

– 85 гр мед

– 25 гр органско какао

– 2 лажички екстракт од ванила

Подготовка:

Во блендер ставете млеко, чиа семе, какао, екстракт од ванила и мед.

Мешајте околу една минута, или додека не добиете еднолична кремаста смеса.

Префрлете го во помали чинии и ставете го во фрижидер неколку часа или преку ноќ.

Послужете со овошје или јаткасти плодови, по желба.

Слични содржини