Здрав оброк за целото семејство: Посни полнети пиперки

536 прегледи

Потребно:

– 10 пиперки – може и суви
– 200 гр сварен ориз
– 1 праз
– блитва
– 1 поголем морков
– 2 лажички ајвар
– 100 мл пржен домат
– 2 домати или компири
– 4 чешниња лук
– масло, сол и бибер

Подготовка:

На мсло пропржете го сечканиот праз па додајте го изренданиот морков. Блитвата обарете ја, па исечкајте ја. Оризот сварете го, но не потполно.

Во пржениот праз додајте го оризот, исечканата блитва, ајварот, ситно сечканиот лук, бибер и сето тоа добро измешајте го.

Пиперките исчистете ги од семки и наполнете ги со филмот. Доматот или компирот исечете го на тенки парчиња и затворете ги пиперките.

Плехот обложете го со хартија за печење, ставете на неа малку масло и наредете ги пиперките. Преку нив сипете го доматот.

Печете на 200 степени целзјусови. 50-60 минути.

Послужете ги топли.

Слични содржини