Женското здравје е кревко. Хормоналниот баланс во женското тело е деликатен и има влијание и од најлесните промени во секојдневниот живот, исхраната и стресот. Дури и расположението на жената може да влијае негативно на оваа кревка рамнотежа.
Јадењето е едно од најважните нешта. Тоа може да помогне во балансирањето на ризиците. А, тие се многу. Жените треперат за месечниот циклус, ги следат ризиците за појава на рак на дојка или јајниците, кои се директно поврзани со хормоналната рамнотежа во телото.
Токму затоа жените треба да вклучуваат задолжително некои прехранбени производи во својата исхрана за да се задржи женската норма на здравје. Кои се тие?
Цвекло
Цвеклото е одличен извор на витамини од групата Б и железо. Тоа е прекрасен избор за жените, особено за време на бременоста, а и пред тоа. Сокот од цвекло помага уште и за намалување на крвниот притисок за неколку нивоа.
Лиснат зеленчук
Зеленолистниот зеленчук како зелка, спанаќ, рукола, бриселско зелје се повеќе од богати со корисни материи за женското здравје. Во нив се откриваат уште витамини К, Ц и А, како и важни минерали како калиум, калциум, бета-каротин, манган, фолна киселина, магнезиум, железо.
Влакната во овие видови зеленчук се во изобилство. Тоталитетот на корисни соединенија ѝ помага на плодноста, регулирањето на менструацијата, либидото.
Кромид
Кромидот ги стимулира природните помошни процеси во организмот. Тој има антиинфламаторни и антибактериски својства. Освен тоа делува како природен антикоагулант.
Потрошувачката на кромид ја прави густината на коските повисока, што го намалува ризикот од остеопороза кај жените.
Зрнеста храна
Зрнестата храна е многу корисна за женското здравје. Таа го намалува ризикот од појава на метаболен синдром, дијабетес тип 2 и поврзаните последици со овие прекршувања. Високиот крвен притисок и ракот на дојката, исто така се болести, кои се заканувааат на женското здравје, а зрнестата храна ги намалува овие ризици.
Брокула
Старееме и ризиците од рак на дојка и јајниците, особено кај жени неродилки, се зголемуваат. Брокулите содржат моќни фитонутритиенти, кои се борат со канцерогени соединенија во телото со тоа што ги неутрализираат.
Тие стимулираат детоксикациски ензими во организмот и му овозможуваат на телото да се ослободи од потенцијалните канцерогени клетки по природен пат. Во брокулите е изолирана супстанција наречена индол-3-карбинол, со што се намалува ризикот од појава на рак на дојка, грлото на матката и дури и го инхибира развојот на веќе појавен рак, пишува bustle.com.
Јаболка
Јаболката се прекрасен плод. Во нив се содржи многу пектин, кој помага во намалувањето на холестеролот, ризикот од дијабетес и крвниот притисок. Тие се добар извор на антиоксиданти, кои ги неутрализираат слободните радикали и исто го намалуваат ризикот од рак.
Супстанцата кверцитин во јаболката е флавоноид, кој помага во спречувањето на ракот на дојката.
