Здравев: Судскиот совет само во 2020. година прими 107 барања за утврдување на одговорност кај судии

367 прегледи

Во текот на изминатата календарска година, до Судскиот совет на С.Македонија пристигнале 107 барања за утврдување на одговорност на судии.

„Некои барања се однесуваат на двајца-тројца судии, а некои на поединечни судии. Во нив нема член на Судскиот совет, истакн претседателот на Судски совет Киро Здравев, во рамки на денешната седница.

Што се однесува до случајот за 1.500 предмети кои биле во фиоките, претседателот Здравев, потенцира дека веќе е поднесено барање за утврдување на одговорност кај двајца судии, а во пресрет на тоа се формирани и комисии, определ е известител, а постапката веќе е во тек.

Здравев меѓудругото, потенцираше и дека постојано се следи работењето на судовите, судиите и нивните претседатели, а нема разлика во тоа дали некој предмет има политичка нота или пак не.

Здравев вели и дека може да поднесе барање за утврдување на одговорност на судија поради потешка дисциплинска повреда и поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и доколку се констатира потешка дисциплинска повреда или пак нестручно и несовесно вршење на судиската функција тоа повлекува разрешување на судија.

Слични содржини