Нудлите се азиски шпагети, кои многу личат на оние од италијанската кујна, но обично се подготвуваат од ориз. Тие се исклучително распространети во различни кујни во Азија и се комбинираат со многу различни видови храна.
Денес сепак ние нема да ви презентираме вистински нудли, туку зеленчукови. Односно нема да има потреба да користите традиционални нудли, туку ќе ги направите од тиквички.
Само за околу 15 минути може да си приготвите четири порции одлични нудли од тиквички – идеален предлог за вкусен ручек или вечера.
Сè што ви треба се следниве производи:
– 2 цели тиквички;
– 1 лажица масло;
– 1 лажица маслиново масло;
– 2 чешниња лук;
– 3 големи домати – ситно исецкани;
– 1/4 чаша рендан пармезан;
– 3 листови босилок – исечени тенко;
– Сол и бибер по вкус.
Начин на приготвување:
1. Користете нож за лупење за зеленчук, со чија помош ќе ги пресечете тиквички на тенки лентички.

Фото: thepioneerwoman.com
2. Потоа загрејте ги на нелеплива тава на средно-висока температура и обичното и маслиновото масло со иситнетиот лук.

Фото: thepioneerwoman.com
3. Додадете ги тиквичките и гответе ги 1-2 минути. Посипете со сол и црн пипер.

Фото: thepioneerwoman.com
4. Додадете исечени домати и рендан пармезан и загрејте го сето околу 1 минута.

Фото: thepioneerwoman.com
5. Послужете во чинија и посипете со малку босилек.

Фото: thepioneerwoman.com