Здравствената состојба на Навални се влошува

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој штрајкува со глад, изјавија денес дека неговата здравствена состојба се влошува, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на новинската агенција „Интерфакс“.

Агенцијата наведува дека „Интерфакс“ го цитирал неговиот адвокат Вадим Кобзев, кој денес го посетил во затворската колонија и кој последователно изјавил дека на Навални му се дијагностицирани кила.

Рускиот опозициски лидер Навални минатата недела најави штрајк со глад во знак на протест на, како што рече, одбивањето на затворските власти да се однесуваат соодветно со него поради акутните болки во грбот и нозете.

Слични содржини