Здружение на правници Роми: Ќе поднесе кривична пријава за случајот каде беше претепан 10 годишен малолетник

од Берта Китинска

Здружението на правници Роми од Скопје, вчера во Кочани го документираше случајот во врска со физичката пресметка во населба – Трајаново трло во кој 10 годишен малолетник од ромска националност беше задржан и претепан од неколку повозрасни и непознати лица.

-Впрочем, вчера во јавноста дополнително произлезе видео во кое се гледа како лица на кои не може да им се утврди идентитетот нанесуваат тешки физички повреди на 10 годишен малолетник кој наводно влегол во двор од семејна куќа во обид да изврши кражба. Видеото каде се гледа како 10 годишниот малолетник е задржан и претепан од непознати лица малолетникот е испратено и до Министерство за внатрешни работи за cyber криминал.

Здружение на правници Роми, ќе поднесе поднесе кривична пријава против непознат сторител за кој што според кривичниот законик за малтретирање и претепување на малолетник следи затворска казна од минимум 4 години.

Здружението на правници Роми најостро ги осудува физичните напади врз малолетни лица  мотивирани од предрасуди со етничка димензија, вклучително и овој случај каде 10 годишно дете е жртва на насилство и на кој што му е потребна итна психо-социјална поддршка и ресоцијализација се цел нормално функционирање и правилен развој.

Здружението на правници Роми бара итно расветлување и разрешница на случајот од надлежните институции и апелира на соодветно медиумско информирање на јавноста согласно етичните вредности и принципи од кодексот на новинари, соопштија од здружението.

 

Слични содржини