Здружението на џез музичари и слободни уметници на средба со Пендаровски

246 прегледи

Здружението на џез музичари и слободни уметници, остварија средба со претседателот, Стево Пендаровски на која биле опфатени актуелните предизвици, но и важноста за вклученоста на музичарите во процесот на одлучување кога станува збор за џез културата.

„Од Здружението ја нагласија неопходноста од институционализација и обезбедување простор за работа на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот, од вклучување на нивни членови во процесот на распределба на средствата за финансирање на проекти од областа на џез музиката, коишто се од национален интерес, како и потребата од ревидирање на работата на двете џез академии кои функционираат во рамки на Универзитетите во Скопје и во Штип, за поуспешно реализирање на главната цел – подигнување на џез културата во земјава“, соопшти кабинетот на претседателот.

Исто така, како што информираат Пендаровски посочил дека културата и тоа како е погодена од пандемијата.

„И покрај предизвиците, претседателот го нагласи исклучително значајниот придонес на Здружението на џез музичари и слободни уметници во афирмацијата на џез културата во земјава и во странство, охрабрувајќи ги заложбите за споделување на нивните искуства, како и за подобрување на условите за изведба и создавање на квалитетна музика, како траен белег и еден од фундаментите на секое општество“, велат од Кабинетот.

Ова здружение инаку, е основано во 2016. година и од него се дел истакнати џез музичари, професори, студенти на академиите од Скопје и Штип, но и слободните уметници.

Се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, организира џез фестивали и соработува со меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност.

Слични содржини