Зечевиќ: Вредностите на НОБ се темелот, македонската европеизација е иднината

од Destan Jonuzi
161 прегледи

На денот на ослободувањето на Ѓорче Петров, населба која го носи името на нашиот великан и револуционер, уште еднаш да се потсетиме на вредностите на НОБ кои го поставија темелот на македонската држава и да се обединиме околу македонската европеизација како клучен национален идел на современиот македонски патриотизам, порача денеска од скопската општина Ѓорче Петров, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

-Делото на револуционерите, илинденците, партизаните, анти-фашистите, е огромен аманет. Сега е време на нов чекор за иднината на земјата, време е за македонска ервопеизација. Современиот македонизам и патриотизам се евро-интеграциите. Да бидеме дел ЕУ, со сета своја посебност, економски посилни, побогати и рамноправни со сите нации во Европа. Горди и достоинствени, рамо до рамо, признаени и потврдени во ЕУ, е идеал кој имаме одговорност целосно да го оствариме. На тој европски пат, мора да се обединиме, општествено и национално, да постигнеме консензус за врвните прашања за иднината на Републиката и новите македонски генерации, рече Зечевиќ.

На работна средба со членови и симпатизери на СДСМ во Ѓорче Петров, Зечевиќ додаде СДСМ 31 година е на вистинската страна на македонската историја и со своите државнички одлуки дала придонес во сите државнички процеси за развојот на современото македонско општество.

Слични содржини