Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, истакнува дека со родителството почнала да се занимава уште пред да стане мајка, преку работа со фондацијата.
Сметала дека теоретското знаење ќе ѝ помогне да помине што полесно кога еден ден ќе се реализира во улогата на мајка, меѓутоа, како што вели, освен книгите и животот имал многу да ја научи.
„Мислев дека сето тоа ќе ми дојде спонтано и лесно, но сфатив дека животот има многу да ме научи“, вели Јелена, која истакнува дека најголемиот предизвик во родителството е глумењето дека „ништо не се сменило“.
„За мене беше предизвик бидејќи се правевме дека ништо не е сменето. Бидејќи кариерата на Новак беше во полн ек, неговите цели и амбиции беа доста високи, а ние се преправавме дека мало бебе може да го испрати сето тоа, и ние со него и дека тоа нема значително да го промени ритамот на нашите патувања… Меѓутоа, целосно не поремети. Зедов се на мој грб за да го растеретам Новак. За среќа, имав помош и морам да признаам дека во првата година на Стефан, Новак беше непобедлив“, вели Јелена која додава дека и денес има предизвици и тешкотии, но ѝ е многу полесно.
„Поминав низ одреден степен на образование и она што го бара родителството од мајка и татко и имам многу среќа што Новак е таков партнер и добиваме многу љубов кога е со нас, посветен е и се е многу полесно кога семејството живее во единство и љубов“, додава таа.