Зегин со поддршка за Регионалната конференција за млади излекувани од канцер

од Nikola Popovski
15 прегледи

Изминатиов викенд во Струга по втор пат се одржа конференција за млади излекувани од канцер во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО, каде што се споделуваа знаењата и искуствата на излекуваните млади лица од канцер.

Компанијата ЗЕГИН во име на долгогодишната успешна соработка со здружението САНО и овој пат помогна за овозможување на ова непроценливо искуство преку кое се изградија нови врски меѓу младите сурвајвери од целиот регион.

На конференцијата присуствуваа експерти, кои со својата стручност и посветеност го направија ова дружење навистина посебно. Д-р Лорна Задравец Залетел ја пренесе важноста на следењето на доцните последици по канцер третманот во детството, д-р Фросина Крстаноска зборуваше за репродуктивното здравје и сексуалноста како клучни аспекти на целосното закрепнување, д-р Билјана Чонеска Јованова потсети на предизвиците што доаѓаат после третманот и даде корисни совети за здрав начин на живот, а д-р Светлана Крстевска Блажевска ги објасни доцните кардиотоксични ефекти и нивното значење.

Компанијата Зегин е позната по својата општествено одговорна улога во заедницата и неуморно помага онаму каде што е потребно, а хуманата мисија продолжува и понатаму да биде препознатлива карактеристика за оваа компанија.

Слични содржини