Денес во Општата болница – Охрид, на оделението за Гинекологија и Неонатологија, компанијата Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата.
Апаратот овозможува точен и брз резултат кој го заштитува новороденчето од традиционалниот начин за проверување на крв.
Донацијата ја прими директорот на болницата, д-р Асен Шајн кој од свое име и од името на целиот персонал на одделот се заблагодари за донацијата и ја поздрави општествено одговорната иницијатива на компанијата Зегин, нагласувајќи ја важноста на овој апарат, не само за овој оддел, туку и за целата болница во која доаѓаат пациенти од целиот регион, а со чија помош многу ќе се олесни работата на персоналот и ќе се добиваат многу побрзи резултати во интерес на здравјето на пациентите.
Од компанијата Зегин изјавија дека оваа донација е еден почеток со кој би се најавиле и идни соработки со болницата, а Зегин како етаблирана општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет онаму каде што е потребно.