Вечерва во „24 Анализа“ на 24ТВ потпретседателско соочување меѓу Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Мухамед Зекири од СДСМ.
-Не можеме да се согласиме со ставот на францускит претседател Тимоние. Макрон направи историска грешка која ја препознаа 27 лидери. Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов. – рече Зекири.
Зекири порача дека ние како држава сме ја исполниле задачата кон ЕУ, но, како што рече на Албанија и Северна Македонија им е направена историска грешка и неправда.
-Франција е голем пријател на земјава, но жал ми е што Тимоние е брифиран од погрешни луѓе. И денес бугарскиот премиер Борисов рече дека виновна е опозицијата за недобивањето датум. – рече Зекири.
-Франција не е крива, можеби е крив францускиот бренд Луј Витон. – му реплицираше Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.