Во денешната масовна полицијска акција изведена во раните утрински часови деознаваме дека се уапсени десетина лица, активни и поранешни функционери оптужени под сомнение за превземање непријателски дејства против државата и граѓаните, а во врска со настаните во Куманово од Мај годинава.

Уапсените се товарат за активно учество во подготовка, охрабрување и директна рекрутација на лица со цел дестабилизација на земјата и предизвикување етничка, религијска и меѓу-човечка омраза, мотивирана од тесно гради приватни и партијски интереси. Меѓу уапсените има поранешни и активни министри, поранешни високи службеници од разузнавањето, потпретседатели на политички партии, пратеници, локални партијски функционери. Интересно е што меѓу уапсените има и лица кои на неколку пати ги имаат сменето идеолошките припадности.
По тој повод, Амбасадата на САД се огласи со соопштение во кое се поздравуваат чекорите на домашните власти и се подржува продолжување на мерките со кои ќе бидат опфатени и највисоките политички, државни и партијски инстанци осомничени за случувањата кои доведоа до губење човечки животи и непроценлива материална штета. Амбасадата на САД по тој повод навести преиспитување на дел од своите политики со кои активно и директно допринеле кон создавање на состојби и услови кои резултирале со злоупотреба на нивната помош и подршка.
Според извори од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, нивниот став ќе биде изнесен штом добијат инструкции од Европската Народна Партија.
Вест која нема наскоро да ја прочитате и слушнете.
фејсбук статус на Арсим Зеколи