„Зелен хуман град“ ќе поднесе претставка за ДУП-от кај Холидеј Ин

од Берта Китинска
265 прегледи

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изработи претставка против изградбата на висококатниците на паркингот спроти „Холидеј ин“, која ќе ја поднесат до Инспекцискиот совет.

-Денес, (петок, 16 јули) во 10 ч. одиме да ги поднесеме претставките и директно во архивата на Инспекцискиот совет! Дојдете со нас! Испечатете ја претставката, излезете на пауза од работа!

Да им покажеме на институциите дека будно го следиме секој нивен чекор, дека квалитетот на живот во Скопје ни е приоритет и дека нема да дозволиме да бидеме жртви на корумпирани политичари без совест и без интегритет!

За тие што не може физички да дојдат, ве замолуваме да ја поднесете претставката електронски до следните мејлови:
[email protected]
[email protected]
[email protected]
И на [email protected] за да имаме увид колку граѓани реагирале!

Испратете ја во што поголем број! Да ги преплавиме сандачињата на инспекциските служби!

Скопје мора да се развива одржливо и праведно, стои во соопштението на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“.

Слични содржини