205
Во основното училиште „Живко Брајковски“ во скопската населба Бутел завршува уредувањето на дворот со засадување на зелен ѕид како дел од планот за намалување на аерозагадувањето.

Од општината информираат дека во дворот на училиштето се садат плодородни дрвја и дрвја со брзорастечки карактеристики.
На настанот најавено е присуство на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски.