Актуелно
Почетна / Архива на ознаки:

Архива на ознаки:

Во наредните два дена времен сообраќаен режим на улица Александар Урдаревски

Град Скопје известува дека поради финално асфалтирање на улицата Александар Урдаревски во Бутел, во наредните два дена ќе биде воведен времен сообраќаен режим на улицата. „Утре 09.07.2020 година (четврток), улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки. На …

Повеќе

Во завршна фаза: Булеварот Христијан Тодоровски ќе овозможи директен излез на обиколницата од центарот на градот

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека скопски булевар Христијан Тодоровски Карпош, е  во завршна фаза на изградба. -Влегуваме во завршна фаза на изградба и асфалтирање на новиот скопски булевар Христијан Тодоровски Карпош. Овозможуваме директен излез на обиколницата од центарот на градот, напиша Шилегов Со …

Повеќе

За погреб во капелата Бутел ќе може да се престојува само половина час

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов информира дека согласно препораките на владата, поврзани со коронавирусот, погребалното претпријатие Бутел го скратува престојувањето во капелите за погребалните церемонии од еден, на половина час. „Почитувани, иако ова известување можеби звучи непријатно, заради емоциите кои секој од нас ги има кон своите блиски, Ве известувам …

Повеќе

Општина Бутел изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија

Викендов службите на Општина Бутел во однос на справување против ширењето на коронавирусот изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија. Имено, викендов општинските служби темелно ги дезинфицираа просториите во општинската зграда, потоа дезинфицирани беа сите автобуски постројки.Со одобрение на Здравствениот Дом на Скопје дезинфицирана беше и амбулантата, и …

Повеќе

Разбојници пукале и ограбиле бензинска во Бутел

Двајца разбојници доцна синоќа ограбиле бензиска станица на “Макпетрол”, лоцирана на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, Скопје. Разбојниците, кои биле вооружени и носеле фантомки на главите, ја одзеле чантата со прометот од вработен на бензинската. Пред да избегаат, пукале во воздух. Заминале со автомобил марка “БМВ”. Претходно во ноќта, …

Повеќе

Baндaли иcкршиле три надгpoбни спoменици во Бутел

Вработен како обeзбедување во АД „Бутел“ вчера во Полициската станица Чаир пpијавил дека на гpoбиштата во Бутел биле оштeтeни три нaдгpобни споменици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Повеќе

Деца од Скопје ја воодушевија публиката на Фестивалот за глума на ученици во Словенија

Ученици од скопската општина Бутел, ја воодушевија публиката настапувајќи на фестивалот за глума на ученици во Словенија. Децата се ученици во основното училиште Ацо Шопов, а по покана на училиштето Леон Штукер, учествуваа на фестивалот и ја изведоа драмата „Моја тајна”. Учениците покрај глума, учествуваа и во спортски натпревари каде …

Повеќе

Кражба и оштетување на урбана опрема во дворот на ООУ Живко Брајковски во Општина Бутел

Денеска 14.02.2020, учениците од основното училиште Живко Брајковски останаа посиромашни за една инклузивна справа од новоизграденото детско инклузивно игралиште во дворот на училиштето. Справата е насилно извадена и однесена од страна на непознати сторители. Вредноста на штетата изнесува преку 60.000,00 денари. Во тек е истражна постапка од надлежните органи за …

Повеќе

Зелен ѕид во ОУ „Живко Брајковски“ како дел од планот за намалување на аерозагадувањето

Во основното училиште „Живко Брајковски“ во скопската населба Бутел завршува уредувањето на дворот со засадување на зелен ѕид како дел од планот за намалување на аерозагадувањето. Од општината информираат дека во дворот на училиштето се садат плодородни дрвја и дрвја со брзорастечки карактеристики. На настанот најавено е присуство на заменик-министерот …

Повеќе

Четворица малолетници приведени за нападот со нож на дете во Бутел

 СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца на возраст од 16 години, еден на возраст од 15 и еден на возраст од 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение …

Повеќе