Разнесен банкомат во Бутел

од Nikola Popovski
687 прегледи

Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел, дознава „Локално“. Инцидентот се случил кај маркет „Диа“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Слични содржини