Украинските сојузници на Запад можат да ги премостат одложувањата во спроведувањето на мировниот план од десет точки што го претстави Киев, со тоа што секоја од земјите ќе преземе одговорност за еден дел од него, изјави првата дама на Украина, Олена Зеленска.
Таа се обрати на Светскиот економски форум во Давос, откако западните сојузници ги урнаа надежите на Украина за брза испорака на борбени тенкови, според Ројтерс.
Во интервју за швајцарскиот дневен весник „Ноје Цирхер Цајтунг“, Зеленска изјави дека многу животи се загубени бидејќи Западот не успеал да и достави оружје на Украина за краток временски период за да ги порази руските сили, како и дека голем дел од инфраструктурата на земјата е уништен, но и дека се потребни и други форми на помош.