128
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе учествува на самитот на Групата 20 индустриски земји следната недела, но најверојатно ќе се обрати виртуелно, соопшти денеска неговиот портпарол Серхиј Никифоров.
Зеленски минатата недела изјави дека нема да учествува на самитот доколку учествува и рускиот претседател Владимир Путин, а Никифоров во изјавата за Украинската национална радио и телевизија не кажа дали украинскиот претседател го променил ставот, пренесува „Ројтерс“.
Самитот ќе се одржи на 15 и 16 ноември во Индонезија.