Зеленски: 60 луѓе загинаа кога бомба беше фрлена врз училиште во Украина

од Nikola Popovski
222 прегледи

Околу 60 луѓе загинаа кога бомба погоди училиште во источна Украина, изјави доцна синоќа претседателот Володимир Зеленски.

Претходно гувернерот на Луганската област Серхи Хајдај изјави дека 90 лица се засолниле во зградата во Билохоривка, а 30 се спасени.

Хајдај потенцира дека рускиот авион ја фрлил бомбата во саботата, што Русија не го коментираше.

-Во Луганск се водат жестоки борби додека руските војници и сепаратистичките борци се обидуваат да ги опколат владините сили, пишува Би-Би-Си.

Голем дел од регионот беше контролиран од сепаратисти поддржани од Русија во последните осум години.

Билохоривка е блиску до градот Северодонецк, каде во саботата се водеа тешки борби во предградијата.

Експлозијата уништила зграда која се запалила, а на пожарникарите им биле потребни три часа да го изгаснат пожарот, изјави гувернерот. Тој додаде дека речиси целото село се засолнило во подрумот на училиштето.

-Конечниот биланс на загинати ќе се знае дури кога ќе се расчистат урнатините, рече гувернерот.

Слични содржини