Зеленски: Ако добиеме „Томахавк“, тие ќе бидат користени само против воени цели

Неговото уверување доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали да му обезбеди вакви ракети на Киев.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ДВ

Доколку Украина добие ракети „Томахавк“ од САД, тие ќе бидат користени само против воени цели во Русија, но не и против цивили. Ова го изјави во интервју за „Фокс њуз“ украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Ројтерс.

Неговото уверување доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали да му обезбеди вакви ракети на Киев.

Дострелот на крстосувачките ракети Томахавк е 2.500 километри. Ова значи дека украинските сили би можеле да ги користат за да гаѓаат длабоко на руска територија, вклучително и во главниот град Москва, забележува агенцијата.

Трамп во понеделникот изјави дека пред да се согласи за испорака на „Томахавк“, би сакал да разбере како Украина има намера да ги користи бидејќи не сака да ескалира непријателствата.

Кремљ денес изрази загриженост поради можноста САД да му го обезбедат ова оружје на Киев и предупреди дека војната достигна драматичен момент со ескалација на тензиите од сите страни.

Слични содржини