Зеленски: Ако Русија продолжи да ја попречува евакуацијата, ќе добие одговор од целиот свет

од Nikola Popovski
208 прегледи

Ако Русија продолжи со својата кампања за гранатирање во Украина, тогаш воведените санкции „не се доволни“, изјави во петокот украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во видео-обраќање од улиците на Киев, тој рече дека санкциите на ЕУ против Русија „треба да бидат посилни“.

Алудирајќи на вчерашната средба на лидерите на ЕУ во Версај, Зеленски рече дека знае кои лидери ја поддржуваат Украина, „а кои молчеа… и се обидоа да ја разводнат формулацијата за да биде недоволна за Украина, Европа и нашата заедничка слобода“.

„ЕУ мора да направи повеќе за нас, за Украина и за себе. Ние го чекаме тоа“, рече Зеленски.

Тој додаде дека на пат е пратка со храна и лекови за Изиум, Енерходар, Вољновах, Полохи, Буча, Хостомел, Бороѓанка, Андровка, Микулихија Макарова, Козаровиќи и Мариупол.

„Украинската армија „се погрижи прекинот на огнот за овие коридори да функционира“, рече Зеленски, предупредувајќи дека доколку Русија продолжи да цели и да ја попречува евакуацијата на луѓето, ќе добие одговор од целиот свет.

„Таков одговор дека и самите ќе имаат потреба од хуманитарни коридори“, додаде украинскиот претседател.