Зеленски бара затворање на сите аеродроми, пристаништа и канали низ светот за Русија

од Nikola Popovski
222 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, по преговорите меѓу Киев и Москва изјави дека засега нема резултати што и требаат на Украина.

„Се одржа првата рунда на преговори. Засега нема резултати што сакавме да ги постигнеме“, рече тој.

Тој исто така рече дека Украина ќе ги анализира сите информации што ги добила од руската страна и ќе одлучи како да влезе во вториот круг преговори.

Зеленски повика и на можност за затворање на воздушниот простор на сите земји во светот за руските авиони и хеликоптери, како и за затворање на сите пристаништа и канали.

„Потребно е да се разгледа можноста за целосно затворање на воздушниот простор за руските авиони, хеликоптери и ракети, како и пристап до сите пристаништа, канали и аеродроми. Таква земја не смее да има пристап до стотици милијарди поради извозот на нејзините енергетски ресурси“, нагласи тој.