Зеленски барал од Моди учество на Индија во спроведувањето на „формулата за мир“

од Vladimir Zorba
144 прегледи

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Украина, Владимир Зеленски, денеска во телефонски разговор со индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека очекува учество на Индија во спроведувањето на „формулата за мир“.

– Имав телефонски разговор со премиерот Нарендра Моди и му посакав успешно претседателство со Г20 – напиша Зеленски на Твитер.

Тој потсети дека на самитот на Г-20 ја објави „формулата за мир“ и рече дека сега смета на учеството на Индија во нејзиното спроведување.

Слични содржини