Зеленски: Благодарам на Бугарија што не ја продолжи забраната за продажба на жито од Украина

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека и е благодарен на Бугарија што од 15 септември не ги продолжи ограничувањата за извоз на украинско жито.

„Им благодарам на (премиерот) Николај Денков и неговиот тим, како и на бугарските пратеници кои го поддржаа овој потег. Бугарија дава пример за вистинска солидарност“, напиша Зеленски на својата сметка на платформата Х (Твитер).

Ограничувањата воведени од Европската унија во мај им дозволија на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка да ја забранат домашната продажба на украинска пченица, пченка, семе од репка и сончоглед, а во исто време можат да дозволат транзит на овој товар од Украина за извезување во други земји, потсети Ројтерс.

Слични содржини