355
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека бранителите на градот Северодоњецк им нанесуваат големи загуби на руските војници во битката, која, според него, била многу жестока и тешка.
„На многу начини, судбината на Донбас се решава токму таму“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Претходно се огласи и регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајдаи, кој изјави дека руските сили контролираат поголем дел од стратешкиот украински град Северодонецк и силно го гранатираат градот Лисичанск, предизвикувајќи голема штета.