Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на анексијата на територијата со итно барање за членство во НАТО алијансата.
Веднаш откако Владимир Путин го потпиша указот во Москва со кој се припоени четири украински региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, стигна одговорот од Киев.
Зеленски најави дека штотуку поднел барање за членство во НАТО алијансата и тоа по итна постапка.
„Украина е де факто веќе членка на Алијансата, сега сакаме да станеме и де јуре. Се надеваме дека ќе станеме дел од алијансата по забрзана процедура“, рече украинскиот претседател.