Зеленски: Да имавме оружје како што има Русија, оваа војна ќе беше завршена

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека војната би завршила доколку неговата земја имала пристап до сето оружје што и е потребно, „што е споредливо со оружјето што го користи Руската Федерација“, пишува „Гардијан“.

Во ноќното обраќање, Зеленски рече дека е неправедно што Украина сè уште е принудена да го бара „она што нејзините партнери го складираат некаде со години“.

Зеленски додаде дека ситуацијата во опколениот Мариупол е тешка како и досега, и дека интензитетот на нападот на руските сили врз Харков, Донбас и Днепар е „значително зголемен“, пишува британскиот весник.