Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека, колку што е запознаен, Киев не го наредил терористичкиот напад на Кримскиот мост.
„Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам“, рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа „CTV“, а пренесе агенцијата ТАС С.
Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим кога беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.
Како резултат на тоа, двете патни делници на Кримскиот мост делумно се урнаа, но лачните носачи не беа оштетени.
Четири лица загинаа, по што рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот што го оштети мостот на Крим стојат украински специјални служби.
Директорот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, инцидентот на Кримскиот мост го нарече терористички напад, нагласувајќи дека зад него стојат украинските разузнавачки агенции.