Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека во моментов 10 милиони граѓани на Украина немаат струја поради оштетување на електричната мрежа по руските ракетни напади.
Синоќа во видео обраќање Зеленски рече дека цел ден се санирале последиците од уште еден ракетен напад врз Украина, пренесува „Униан“.
Тој изјави дека најмногу исклучувања има во регионите Одеса и Суми и во Киев.