Зеленски до Германија и Унгарија: „Го блокирате ембаргото на руските енергенси кои се платени со наша крв“

од Nikola Popovski
205 прегледи

Во интервју за Би-Би-Си, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини европските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта дека „своите пари ги заработуваат од пролеаната крв на другите“.

Зеленски ги издвои Германија и Унгарија и ги обвини дека ги блокираат напорите за воведување ембарго на увозот на енергија од Русија, на кој Москва годинава ќе заработи околу 250 милијарди фунти (значително повеќе од минатата година).

Помеѓу украинското раководство особено расте фрустрацијата кон Германија, која сè уште не одлучила да воведе построги санкции против Русија кога станува збор за увоз на нафта, а камоли за гас.

– Некои од нашите пријатели и партнери разбираат дека сега е друго време, во кое бизнисот и парите не би биле најважни. Ова е прашање на опстанок, рече Зеленски.