Зеленски до лидерите на НАТО: На Украина ѝ треба повеќе оружје и пари

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска им порача на лидерите на НАТО дека на неговата земја ѝ треба повеќе оружје и пари за да се одбрани од Русија и предупреди дека амбициите на Москва не запреле во Украина.

„Ова не е војна што Русија ја води само против Украина. Ова е војна за правото да се диктираат услови во Европа, за тоа како ќе биде идниот светски поредок“, рече украинскиот лидер во виртуелното обраќање на самитот на НАТО во Мадрид, пренесува „Ројтерс“.

„Со тоа што ќе ни ги обезбедите, можете целосно да ја скршите тактиката на Русија за уништување градови и тероризирање на цивили“, рече претседателот на Украина.

Слични содржини