Зеленски до Швајцарија: Зошто Нестле останува во Русија?

од Nikola Popovski
271 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски им се обрати на граѓаните на Швајцарија и праша зошто компанијата „Нестле“ продолжува да работи во Русија.

„Добрата храна е добар живот. Ова е слоганот на Нестле. Вашата компанија која одбива да ја напушти Русија“, рече Зеленски за време на своето обраќање пред граѓаните на Швајцарија.

Тој претходно во телевизиско обраќање до нацијата апелираше до Германија да го спаси главниот град Киев.

-Киев порано го нарекуваа „новиот Берлин“, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, искреност на луѓето, клубови и забави, рече Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.

-Сега Киев е затворен. Тивко чека нови сирени за воздушниот напад што ќе ги принуди луѓето да се засолнат, додаде украинскиот претседател.